Monday, July 30, 2012

Благословот на зимата


'Секоја година, како што се ближи зимата, уживам да гледам како големиот јавор зад нашата куќа полека го менува летното зеленило со помрачни кафени нијанси. Додека лисјата паѓаат, едно по едно, полека се откриваат сите неправилности и деформитети на дрвото. Секако, несовршеностите се секогаш таму, но зелената прекривка ги криела од мојот поглед. Сега кога дрвото е соголено и пусто можам да ја видам неговата вистинска состојба.

Зимата го зачувува и го зацврстува дрвото. Наместо да ја троши силата на надворешноста, соковите се приморани да одат кон неговата внатрешност. Во зима се создава еден поцврст и пожилав живот. Зимата е неопходна за дрвото да преживее и да успева.


Веднаш може да се забележи примената на ова. Толку често ја криеме нашата вистинска состојба со површинските побожни активности, но само откако лисјата ќе паднат, преобразителната сила на духовноста на зимата може да има ефект.

Надворешно се’ изгледа неплодно и непривлечно. Нашите дефекти, маани, слабости и несовршености штрчат. Но, само надворешните форми на побожност паднале на земја, принципот на вистинската доблест всушност се зацврстува. Душата се врти кон внатрешноста. Вистински, цврсти, трајни доблести почнуваат да се развиваат длабоко внатре. Се раѓа вистинска љубов'. 

(Извадок од книгата 'Молитва' од Ричард Фостер)

No comments:

Post a Comment