"Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое. Да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на Небото, така и на земјата. Лебот наш насушен дај ни го и денес и прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги проштеваме на нашите должници. И не воведувај не' во искушение, но избави не' од лукавиот. Зашто Твое е царството и силата и славата во сите векови. Амин!" (Матеј 6:9-13
Многу често, христијаните во нашите кругови се плашат од пишаните молитви и сметаат дека ако Духот не' води, тогаш секогаш ќе знаеме како да се молиме. Но дали е така? Дали секогаш сме инспирирани и полни со желба да се молиме? Веројатно не. Затоа, фала му на Бог што ни го дал Словото што никогаш не се менува, туку напротив, нас не менува кога ќе се задлабочиме во него. Фала му и за они што биле пред нас и што се покажале верни и успеале да ни остават инспирирани и длабоки молитви во пишана форма. Штета што немаме добри молитвеници на македонски јазик (тука ги исклучувам православните молитвеници што во себе вклучуваат молитви упатени кон светците и Марија), но ги имаме псалмите и многу други убави молитви низ цела Библија.
И за крај, еве ви мој предлог. Можете да ја молите 'Оче наш' целата одеднаш, но можете и да ја молите полека, задржувајќи се после секоја реченица и одвојувајќи малку време за самоиспитување и молитва во тој контекст. Нека Бог не благослови и ни даде копнеж за Него и дух на молитва.
No comments:
Post a Comment